вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 167
home Занимливости

Дали би го преживеале “Сам дома”: Ги тестирал најсуровите методи на малиот Кевин и сфатил нешто страшно

Дали би го преживеале “Сам дома”: Ги тестирал најсуровите методи на малиот Кевин и сфатил нешто страшно

Сигурно и оваа година, по кој знае кој пат, го гледавте филмот “Сам дома”, а доколку притоа се запрашавте како методите на Кевин за да им се спротивстави на Хери и Марв би функционирале во вистинскиот живот, ЈуТјуберот Џејк Ропер го истражил тоа за вас.

Ропер на кукла тестирал три најсурови методи на Кевин од филмот – удар во глава со канта боја, топла квака на вратата и удирање со метална шипка по прстите.

“Ударот со канта боја во глава е како два пати со бокс да ве удри Мајк Тајсон. Тоа е шест пати повеќе од силата потребна да му се скрши носот на човек. Шансата лицето да се онесвести е 100-процентна, а 42 проценти е и шансата да има пукнат череп”, заклучил Ропер.

Во комбинација со метална шипка, ова би значело дека Хери и Марв имале пробиени срце и бели дробови, скршени ребра и скршен череп.

Заклучок: Хери и Марв најверојатно би биле мртви или тешко повредени, а Кевин би испаднал навистина страшен.

Коронавирус