недела, 27. септември 2020. Вести денес: 20
home Занимливости

ЧУДО: Овој човек преживеал четири дена заглавен под дрво, јадел инсекти и си ја пиел потта

ЧУДО: Овој човек преживеал четири дена заглавен под дрво, јадел инсекти и си ја пиел потта

Американец од Минесота го шокирал своето семејство кога откриле дека преживеал повеќе од 100 часа откако бил заглавен под паднато дрво.

59-годишниот Џонатан Кеплеч сечел дрвја зад неговиот дом во Редвуд Фолс на 27-ми август кога врз него паднал отсечен даб и го заробил. Неговиот син Мајлс Кеплеч рече дека обете нозе на неговиот татко „одеднаш биле заглавени под трупец, а горниот дел од торзото бил полусвиткан додека седел исправен на земја“.

Нозете на Џонатан му биле скршени и имал неверојатни болки, а немал телефон за да повика помош. 59-годишникот ги преживеал следните четири дена јадејќи растенија и инсекти и пиејќи ја потта и дождовницата што успеал да ги собере во облеката.

Мајлс, кој ја раскажа приказната на неговиот татко на страницата GoFundMe, рече дека Џонатан ја покривал главата со кошулата ноќе за да спречи инсектите да го напаѓаат додека спиел. Додека бил заглавен, таткото, кој е многу религиозен, честопати се молел и се обидувал да се оттргне од паниката преку медитација.

Членовите на семејството почнале да се грижат кога Џонатан не одговарал на нивните телефонски повици и не се појавил на работа, па на 31 август неговата поранешна сопруга отишла на неговиот имот за да провери. Таму, таа го пронашла 59-годишникот заглавен под дрво и се јавила во канцеларијата на шерифот за помош.

На властите им требало скоро два часа за да го спасат, а откако бил ослободен, го пренеле во болница, каде што сега се опоравува. Локалната канцеларија на шерифот не можела да поверува дека Џонатан успеал да преживее сам толку долго.

Мајлс започна кампања на GoFundMe за да може да плати за закрепнувањето на неговиот татко. Џонатан веќе е опериран и иако неговиот татко го чека долго закрепнување, Мајлс рече дека и двете нозе најверојатно ќе му бидат спасени.

Коронавирус