сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 14
home Занимливости

Човекот со три нозе и два полови органи! (ВИДЕО)

Човекот со три нозе и два полови органи! (ВИДЕО)

Роден е во Сицилија во 1889 година како 12 дете на италијанското смејство Лентини. Кога се родил малкумина му давале шанса за преживување бидејќи имал вродена аномалија, односно на неговото тело имало три нозе и два полови органа.

Кога имал осум години неговото семејството се преселило во САД, а малиот Френк бил оставен во дом за деца со посебни потреби. Како што минувале годините, младиот Италијан одлучил да му даде ново значење на својот живот, гледајќи околу себе деца во мошне полоша физичка состојба.

Затоа решил да го прифати своето тело. Научил да џогира, да вози велосипед, па дури и скејт-борд.

Подоцна се приклучил на циркусот “Браќа Ринглинг” и го добил името “Гранд Лентини”. И покрај неговата состојба, Лентини се оженил и имал 4 здрави деца. Тој починал на 78 годишна возраст поради проблеми со белите дробови.