недела, 27. септември 2020. Вести денес: 44
Во живо

ВО ЖИВО: Прес-конференција на Христијан Мицкоски

home Занимливости

Човек глумел Дедо Мраз за да не го разочара тригодишното девојче

Човек глумел Дедо Мраз за да не го разочара тригодишното девојче

Тригодишната Софи го видела постариот маж во продавница, кој неверојатно наликувал на Дедо Мраз, а кога му пришла тој се одлучил да не ѝ го расипе празничното расположение. Наредните неколку минути, тој глумел дека е Дедо Мраз само за неа.

Иако не носел црвен костум, неговата бела брада и црвената кошула биде доволни за девојчето да поверува дека тој е навистина Дедо Мраз.

Откако го забележала во Волмарт, таа срамежливо му пришла, а Ларк и одговорил дека таа била добро девојче оваа година.

Софи возбудено му кажала дека во нејзината куќа го чекаат колачиња кога ќе дојде да ги остави подароците.

Целата сцена била снимена од страна на нејзината сестра, а кога го ставила видеото на социјалните мрежи, тоа за кратко време било прегледано повеќе од еден милион пати.

“Чест ми беше да бидам дел од нешто во кое и другите уживаа. Јас и малото девојче разговаравме, а тоа дефинитивно ми го стопли срцето”, изјавил Ларк.

Коронавирус