петок, 14. август 2020. Вести денес: 37
home Занимливости

Чизми вредни 117.000 евра

Чизми вредни 117.000 евра

Чифтот чизми за кои се смета дека му припаѓале на францускиот император Наполеон Бонапарта продадени се во петокот на наддавање во Париз за 117.000 евра, објави аукциската куќа Binoche and Giquello.

Чизмите коишто ги носел Наполеон Први Бонапарта во текот на прогонот и заточението на островот Света Елена во јужен Аталнтик, се продадени за конечни 117.200 евра. Чизмите, наречени „коњанички“, високи 48 сантиметри, од фина црна кожа со ниска потпетица, беа превично проценети меѓу 50.000 и 80.000 евра.

Наполеон, кој обожувал чизми и обукви и имал голема колекција од нив, ги порачувал од чевларот Жак кој живеел на Монмартр во Париз.

Овие обувки генералот Анри-Гетјен Бертан (1773-1844), кој го придружувал Наполеон на Света Елена, му ги позајмил на вајарот Карло Марокети (1805-1867) додека ја работел познатата коњаничка скулптура за гробот на Наполеон на островот каде бил заточен по неговиот голем пораз во Битката кај Ватерло во 1815 година. Синот на скулпторот, баронот Марокети потоа му ги подарил чизмите на сенаторот Пол Ле Ру (1850-1923), кој бил министер во Второт царство на внукот на Бонапарта, Наполен Трети, и од тогаш биле во сопственост на семејството Ле Ру.

Императорот бил висок 169 сантиметри што тогаш било малку повеќе од просечната височина на мажите, спротивно од тогшната англиска пропаганда. Наполеон носел обувки кои би одговарале на денешните големини 40 и 41, додека обивките на неговите елитни гардисти кои можат да се видат по светските музеи се околу величините 35 и 36.

Многумина Французи сѐ уште се сомневаат дека Напоелн бил отруен од неговите британски чувари кои го држеле во заточение. Од друга страна, некои историчари се убедени дека тој бил постепено труен со арсен кој во виното му го ставал грофот Шарл де Монтолон, негов најблизок пријател на Света Елена. Сметаат дека грофот бул уценуван од фрацуските ројалисти да става отров во виното на императорот откако бил фатен како краде пари.

 

Коронавирус