Како што современата технологија постојано станува се пософистицирана, така дополнителната опрема станува се поважен фактор во изборот на автомобил.
Последните години многу купувачи попрво би доплатиле неколку стотици евра за технолошки додаток отколку на поголем и посилен мотор.
Последната студија спроведена во Велика Британија покажува дека најмногу пари на дополнителна опрема во просек трошат купувачите на премиум возила, што е и логично, а најмногу трошат купувачите на Порше кои во просек даваат по 8.245 евра за дополнителна опрема од основната цена на возилото.
Тоа е износ со кој на Островот може да се купи нов Дачиа Сандеро. По купувачите на Порше, најмногу пари трошат купувачите на БМВ (4.150 евра),а веднаш за нив се Мини со 3.685 евра.
Веднаш зад нив се Ауди со 3.600 и Мерцедес Бенз со 3.530 дополнителни евра на основната цена на моделот. Само за споредба, купувачите на Фолксваген трошат дополнително околу 1.150 евра за опрема, додека за Фиат околу 435.