понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 18
home Занимливости

Четири години му праќала пораки на починатиот татко, а потоа еден ден добила одговор ФОТО

Четири години му праќала пораки на починатиот татко, а потоа еден ден добила одговор ФОТО

Честити Патерсон (23) му испраќала пораки на својот починат татко Џејсон Лигонс четири години секој ден на мобилниот телефон за да го зачува сеќавањето на него. Таа му пишувала за тоа што се случувало во нејзиниот живот, а еден ден била шокирана кога добила порака од телефонскиот број на нејзиниот татко.

Минатиот четврток, ден пред четвртата годишнина од смртта на нејзиниот татко, таа му испратила порака пред спиење.

– Еј тато, јас сум јас. Утре повторно ќе биде тежок ден – таа ја започнала својата порака во која се присетила на неговата смрт, но и му се пофалила со своите успеси, како што е дипломирањето, но и со тоа што го победила ракот. Потоа таа добила одговор на пораката од маж по име Бред кој ја изгубил својата ќерка во сообраќајна несреќа во 2014 година.

Тој ѝ рекол дека ги чита нејзините пораки секој ден и дека тие „го одржувале во живот“.

„Здраво душо, јас не сум твојот татко, но ги добивав сите твои пораки во последните четири години. Се радував на твоите утрински и вечерни пораки. Јас се викам Бред и ја изгубив ќерка ми во сообраќајна несреќа во август 2014 година, а твоите пораки ме одржуваа во живот. Кога ми напиша, знаев дека тоа е порака од Господ. Жал ми е што си изгубила некој кој ти бил близок, но те слушав со години и гледав како растеш и минуваш низ многу повеќе од другите. Со години сакав да ти вратам на пораката, но не сакав да ти го скршам срцето. Ти си неверојатна жена и посакувам мојата ќерка да станеше жена како тебе. Ти благодарам за пораките, ме потсети дека постои Бог и дека не е негова вина што моето мало девојче повеќе го нема“, ѝ напишал Бред во пораката што ја скршила.

Девојката ја споделила пораката на Фејсбук и напишала дека сега знае дека „сè е во ред“ и може да го остави татко ѝ да почива во мир. Таа исто така објаснила дека Џејсон не бил нејзин биолошки татко, но дека тој никогаш не ги пропуштил нејзиниот училишен танц, матура, натпревари…

„Џејсон беше мојот татко, но тој исто така беше и пример за многу деца во мојот град“, додала таа.

 

Коронавирус