понеделник, 9. декември 2019. Вести денес: 0
home Занимливости

Цел живот грицкала нокти: Палецот и поцрнел, а кога отишла на лекар дознала дека има опасна болест

Цел живот грицкала нокти: Палецот и поцрнел, а кога отишла на лекар дознала дека има опасна болест

На студентка од Бризбејн лекарите мора морале да и го ампутираат палецот откако развила редок вид рак на кожата поради долготрајно грицкање на ноктите.

Кортни Виторн ноктите почнала да ги грицка уште на почетокот на средното училиште, а во 2014 година успеала да го одгризе целиот нокт на палецот. Иако се преплашила кога ноктот почнал да и станува црн, уште четири години криела од семејството и пријателите затоа што и било срам, пишува Дејли Мејл.

Кога конечно посетила лекар дијагностициран и бил редок вид на рак на кожата до кој наводно дошло поради гризење на ноктите. Иако од минатиот јуни имала неколку операции како и во отстраниле туморот и сочувале палецот, сепак минатата недела морала на ампутација.

Откако лекарот и кажал дека рак бил предизвикан од гризење нокти, Кортни доживеала непријатен шок.

-Кога ми кажа дека гризењето на ноктите предизвикало рак бев скршена. Секогаш ми беше во глава дека тоа на самата себе си го направив. Лудо е да помислиш што ми се случи кога толку луѓе гризат нокти, вели таа.

Поради срам својата навика долго време ја криела, а палецот не сакала да го покаже на родителите се додека не поцрнел.

-Го одгризав целиот нокт и бев многу самосвесна околу тоа како тоа изгледа. Во друштво секогаш ги стискав шаките затоа што не сакав било кој да го види, дури ни моите родители. Им покажав тек кога кожата ми поцрне и многу се исплашив, вели Кортни.

Откако го прегледале ноктот, пластичните хирурзи забележале нешто необично па ја пратиле на биопсија. Испаднало дека добила малигнен меланом. Била на три операции во надеж дека ќе и го сочуваат палецот, но кога ракот почнал да се шири, преостанала само ампутација.

-Не ми беше страв од ампутација, но се плашев од иглите, признала таа.

Иако сега палецот и е ампутиран, Кортни уште не знае дали се решила од страшната болест. Ќе мора да ги почека резултатите од најновата биопсија, а следните пет години редовно ќе мора да оди на прегледи и тестирања.

Нејзиниот лекар и кажал дека причина за се е гризењето на ноктите, но некои медицински експерти не се согласуваат со него.

-Физичката траума се поврзува со развојот на некои видови рак, но не е баш веројатно дека само гризењето нокти би довело до тоа да добие рак, кажала докторката дерматолот, Нис Шет.