четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 39
home Занимливости

Цел свет му се смее поради фотографијата во пасошот: „Дали е ова возможно?“ (ФОТО)

Цел свет му се смее поради фотографијата во пасошот: „Дали е ова возможно?“ (ФОТО)

Обидот за измама од човек од Оклахома во последните денови добро ги забавуваше корисниците на социјалните мрежи, а тој подеднакво им се смееше на инспекторите кои го преземаа неговиот случај.

Имено, осомничениот, кој е роден 1967 година, користел лажен пасош во кој внел фотографија ни помалку ни повеќе од Џастин Бибер, 27-годишната светска музичка sвезда.

Човекот кој работи на случајот објави фотографија од лажниот пасош на Твитер и предизвика бројни реакции.

– Дали е можно да мислел дека ова ќе помине, тој навистина се обиде да биде Џастин Бибер!?“, „Не знаев дека Џастин има 54 години“, „И мојата пријателка има лажна фотографија во нејзиниот пасош, онаа од Ким Кардашијан од 2000 година. “- беа некои од коментарите на објавата, која во моментов собра повеќе од 100 илјади лајкови.

Локални избори 2021