вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 7
home Занимливости

Британскиот премиер Џонсон: Британците се подебели од другите Европејци

Британскиот премиер Џонсон: Британците се подебели од другите Европејци

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека британските граѓани се значително подебели од жителите на остатокот од Европа и призна дека тој ослабел откако се зарази со новиот коронавирус.

Тој за британското радио Тајмс изјави дека има либерален став за дебелината, но оти Британците се значително подебели од другите европски народи.

– Тоа е проблем. Сите знаеме дека е тешко, но тоа е нешто со што сите треба да се позанимаваме, рече Џонсон.

Тој во едно претходното интервју се пошегува дека е „тенок како месарско куче “. (МИА)