петок, 30. септември 2022. Вести денес: 0
home Занимливости

Британски лорд поднесе оставка поради доцнење на работа

- За овие пет години ми беше привилегија да одговарам на прашања во име на Владата. Отсекогаш верував дека би требало да ги задоволиме највисоките можни стандарди на пристојност и почит кога одговарам во име на Владата на легитимни прашања на законодавното тело. Многу се срамам што не бев на своето место и затоа и ја понудив својата оставка на премиерката. Се извинувам, рече тој.
Британски лорд поднесе оставка поради доцнење на работа

Британскиот државен секретар за меѓународен развој и член на Домот на лордовите на Парламентот во Лондон, лорд Мајкл Бејтс, поднесе оставка затоа што задоцнил на работа.

Откако лордот Бејтс стигна дури при крајот на една получасовна седницана Домот на лордовите, тој се извини, нагласувајќи дека се срами поради тоа што задоцнил, по што ја најави и својата оставка.

– За овие пет години ми беше привилегија да одговарам на прашања во име на Владата. Отсекогаш верував дека би требало да ги задоволиме највисоките можни стандарди на пристојност и почит кога одговарам во име на Владата на легитимни прашања на законодавното тело. Многу се срамам што не бев на своето место и затоа и ја понудив својата оставка на премиерката. Се извинувам, рече тој.

Потоа во салата веднаш се слушнаа звуци на негодувања, а Бејтс ја напушти просторијата.

Кабинетот на британската премиерката Тереза Меј, сепак, соопшти дека оставката на Бејтс е одбиена.

Бејтс од август 204 до март 2015 беше парламентарен потсекретар за внатрашени работи, по што е именуван за државен секретар за внатрешни работи. Во март 2016 година поднесе оставка на функцијата, за да замине на хуманитарно патување во Јужна Америка. Таму пропешачи 3.000 километри од Буенос Аирес до Рио де Женеиро, со цел да собере 26.000 фунти за Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ). По успешната мисија во октомври 2016 година беше именуван за државен секретар за меѓународен развој. (МВР)

Коронавирус