среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 155
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Занимливости

Бразилка се породила на концерт на Металика

Бразилка се породила на концерт на Металика

Супермаркети, автомобили, лифтови…се само некои од необичните места на кои се раѓаат бебиња, а таквите вести брзо го обиколуваат светот. Бразилката Џоис Фигуеро добила контракции за време на концерт на Металика на стадионот Коуто Переира во бразилскиот град Коритиба во саботата навечер.

Деталите за необичното место на раѓање на нејзиниот син ги споделила на Инстаграм, а потоа и бендот ја споделил веста на својот профил на Инстаграм со 8,2 милиони фанови, пишува “Sky News”.

Џоис картата за концертот ја купила пред три години, но поради пандемијата на коронавирусот концертот бил откажуван неколку пати. На концертот присуствувала во 39-тата недела од бременоста.

Покрај неа таму бил и нејзиниот сопруг Јаиме Фигиуеро, кој, кога почнале контракциите, повикал итна помош, но веќе било доцна за превоз во болница.

Среќната мајка на Инстаграм профилот напишала дека нејзиниот сине роден додека членовите на Металика ја изведувале песната “Enter Sandman” и додала дека тоа била омилената песна на нејзиниот татко.

На шега напишала и дека нејзиниот син ќе се вика Џејмс Улрих по гитаристот Џејмс Хетфилд и тапанарот Ларс Улрих.

Коронавирус