четврток, 22. април 2021. Вести денес: 93
home Занимливости

Божиќно видео кое предивика жолчни реакции: Руска провокација за САД

Дејството се случува „таму некаде во Америка“ воочи католички Божиќ. Заплетот е следен: Момчето подготвува традиционална божиќна закуска за Дедо Мраз, која се состои од чоколадни колачиња и млеко. Детето потоа се буди и оди до елката по подароци, а во позадина се слуша популарна божиќна музика.
Божиќно видео кое предивика жолчни реакции: Руска провокација за САД

Видеото што неделава беше објавено на Јутјуб каналот на руската телевизија „Раша Тудеј“, предизвика многу жолчни реакции и коментари на социјалните мрежи во САД.

Главните актери во видеото се едно американско момче и две верзии на Дедо Мраз, едниот облечен во американска сина, а другиот во руска црвена облека.

Дејството се случува „таму некаде во Америка“ воочи католички Божиќ. Заплетот е следен: Момчето подготвува традиционална божиќна закуска за Дедо Мраз, која се состои од чоколадни колачиња и млеко. Детето потоа се буди и оди до елката по подароци, а во позадина се слуша популарна божиќна музика.

Но, пред елката момчето го чека изненадувачка сцена – „американскиот“ Дедо Мраз е со врзани раце и со чорап во устата, очигледно нападнат од „рускиот“ Дедо Мраз. Во тој момент се појавува натпис „Ние го хакиравме Божиќ. Руски хакери“.

„Рускиот“ Дедо Мраз тогаш го поздравува момчето за Нова година и наместо да празнуваат за Божиќ го замолува да изрецитира руска стихотворба.

На крајот на видеото детето се обидува да ја изрецитира познатата стихотворба „За Татковината“, која започнува со зборовите „Дознав дека имам ограмо семејство“. Стиховите детето ги рецитира со силен американски акцент.

Јутјуб видеото досега има речиси 300 илјади прегледи и според многумина е невкусен црн хумор и покажува агресија во време кога треба да се празнува и поздравува.

За други, пак, тоа е јалов обид да се прикаже доминација на руските хакери над САД, бидејќи всушност е несмасен приказ на неуспехот на Кремљ да интервенира во американската демократија.

Според трети, меѓутоа, видеото е саркастичен и ироничен обид да се прикаже каква слика Западот има за самата Русија.  (МИА)

Коронавирус