четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 145
Во живо

Народот против загадувањето на воздухот, протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

home Занимливости

Босанците крстија ѕвезда и планета по Босна и Неретва

Босанците крстија ѕвезда и планета по Босна и Неретва

Меѓународната астрономска унија  Париз ги соопшти одбраните имиња за ѕвездата ХД-206610 и нејзината планета ХД-206610б, а за коишто гласале граѓаните на Босна и Херцеговина во рамки на конкурсот на светско ниво.

Гласањето е во склоп на прославата на стогодишнината на Унијата, па така БиХ гласаше за предложените вселенски тела од соѕвездието Водолија.

ХД-206610 е портокалов џин, ѕвезда оддалечена 482 светлосни години од Земјата. Го доби името Босона, а нејзината гасовита планета – Нарон. Тоа се латинските називи за реките Босна и Неретва.

Хрватите пак за своите ѕвезда и планета ги искористија старословенските божества Трибор (за ѕвездата) и Велес (за планетата). (МИА)

Коронавирус