недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 37
Во живо

Годишна конференција на УМС: Младите за обнова на Македонија

home Занимливости

Болката во грбот може да укажува на опасна болест!

Болката во грбот може да укажува на опасна болест!

Речиси сите се соочуваме со болки во грбот, а се претпоставува дека многу од боледувањата и отсуствата од работа се поврзани токму со такви болки.

Самите симптоми може да бидат разновидни, од блага болка до остра или хронична болка во долниот дел од грбот, а причините најчесто се поврзани со намалена телесна активност, вишок килограми или неправилно седење.

Меѓутоа, болката може да биде симптом и на помалку очигледни болести.

Болести и нарушувања на уринарниот тракт
Болката во лумбалниот дел од грбот е еден од најочигледните симптоми на воспаление на бубрезите и мочниот меур, како и предупредување дека можно е да се создадат камчиња во уринарниот тракт.

Ендометриоза
Ендометриоза е болест која настанува под влијание на женските полови хормони, односно за нејзин развој и прогресија одговорни се хормоните кои се лачат циклично за време на менструалниот циклус и затоа се јавува кај жените во репродуктивен период. Проблемите поврзани со ендометриоза почнуваат во пубертетот, а престануваат по менопаузата.Не е позната точната причина за ендометриоза, постојат повеќе теории што го објаснуваат развојот на болеста, а забележан е и наследниот фактор.

Ендометриозата е бенигна болест. Празнината на матката е обложена со слузница, која се менува под влијание на хормоните за време на менструалниот циклус, а се нарекува ендометриј.

Ендометриозата настанува кога делови од ендометриот се наоѓаат надвор од матката. Најчесто, таквите делови од ендометриот се наоѓаат во купчиња, на површината на јајчниците и другите органи во карлицата. Во поретки случаи, може да се најдат длабоко во ткивата на карлицата, во лигаментите и мускулите на карлицата.

Понекогаш, може да бидат зафатени и други органи, како што се цревата, уринарните патишта, па дури и белите дробови.

Болест на дигестивниот систем
Експертите велат дека 75 отсто од луѓето со чир се жалат на болки во долниот дел од грбот. Но и заболените од воспаление на панкреасот често се жалат на истите симптоми.

Недостигот на физичка активност може да доведе до болки во грбот, но и напорното вежбање, особено ако е неправилно, може да резултира со исти последици. Токму затоа тренерите советуваат да бидете исклучително внимателни на првите тренинзи за да не се повредите.

Онколошки болести
Туморите може да ги притиснат нервите, што предизвикува силна болка. Во зависност од локацијата на туморите (тенко или дебело црево, мочен меур, бубрези или матка) болката може различно да се распредели.
Колку побрзо побарате медицинска помош толку порано ќе може да ги отстраните сомнежите во тешки заболувања.