четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 186
home Занимливости

Боите во уредувањето играат важна улога: Овие 6 нијанси делуваат смирувачки и го подобруваат расположението

Боите во уредувањето играат важна улога: Овие 6 нијанси делуваат смирувачки и го подобруваат расположението

Уредувањето на просторот во кој покрај секојдневните обврски, сакаме и да се опуштиме и да уживаме во шолја кафе и добра книга, вклучува повеќе од избор на удобен мебел – боите кои ги одбирате за ѕидовите и ентериерот се подеднакво важни.

 

Можеби ќе се најдете во искушение да го уредите својот дом во нијанси кои ги сметате за тренди, но разбирањето на психолошкото влијание на боите може да ви помогне во постигнување на одредено расположение, енергија и амбиент во вашиот дом.

Бела боја

Белата боја симболизира јасност и свежина. Тоа е боја со која треба да бидете опкружени ако сте под стрес бидејќи таа делува смирувачки. Доколку се одлучите за бели ѕидови, ќе добиете прилика да се поиграте со контрастот на светлите ѕидови и темниот мебел.

Нијанси на сина и зелена боја

Сината и зелената боја сами по себе се смирувачки бидејќи потсетуваат на природа. Светлосините нијанси ја осветлуваат просторијата и создаваат чувство како да гледате во небо без облаци, додека светлозелената боја ги предочува мирните речни вибрации кои прават секоја соба да делува релаксирачки. Можете да одберете и посветли нијанси на овие бои при изборот на тепих, декоративни перници, завеси и сличен декор.

Корална боја

Собата со корални бои на ѕидови, исполнета со билки и природен декор е совршена подлога за создавање на свое катче за одмор во кое ќе се “изгубите” во добра книга. Ако не сакате да се одлучите за целосно корален изглед, изберете полици или украси во оваа нијанса.

Светлорозова боја

Доколку ги следите принципите на фенг шуи, веројатно се запознаени дека светлорозовата боја ја намалува негативната енергија во просторијата. Иако розовата боја обично се бира за детските соби, светлорозовата нијанса може да изгледа убаво и во вид на декорација или на пример, нијанса на постелнина во спалната соба.

Жолта боја

Силата на позитивната енергија во жолтата боја е причината зошто се чувствуваме енергично, исполнето и смирено кога ќе влеземе во просторија исполнета со оваа нијанса. Затоа, ако сакате да го започнете својот ден со доза на свежина, бирајте мебел во жолта боја или поставете жолти предмети, декоративни перници, цвеќиња или нешто по ваш избор на видно место – покрај креветот или во кујната.

 

Локални избори 2021