сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 45
home Занимливости

Богаташка од Лондон наиде на низа критики – Крзнена бунда и шише шампањ за да се фотографира со мечка (ФОТО)

Корисниците на социјалните мрежи ја обвиниле девојката дека оваа постапка била сурова, тврдејќи дека мечката била под седативи и дека не се однесува онака како што треба да се однесува една мечка.
Богаташка од Лондон наиде на низа критики – Крзнена бунда и шише шампањ за да се фотографира со мечка (ФОТО)

Девојка станала предмет на исмевање и сериозни критики на социјалните мрежи откако објавила фотографија на која позира со мечка и шише шампањ, додека носела капут од крзно.

Видеото кое се појави на Инстаграм профилот „Богати деца од Лондон“ (Rich Kids of London) прикажува како девојката ја гали мечката која лежи на грбот. Девојката, чиј идентитет не е познат, на себе носи капут од крзно, а покрај мечката стои шише шампањ.

Корисниците на социјалните мрежи ја обвиниле девојката дека оваа постапка била сурова, тврдејќи дека мечката била под седативи и дека не се однесува онака како што треба да се однесува една мечка.

Исто така, некои шпекулираат дека се работи за питома мечка, која е всушност домашен миленик, пренесува Дејли Меил.

Имаше и зборови дека ова е „болно“, како и тоа дека девојката не ги почитува животните. Корисниците дополнително биле исфрустрирани поради тоа што позирала со крзнен капут. На овој профил се објавуваат фотографии од богати деца, кои ги покажуваат скапите автомобили, луксузни куќи и пари.

follow @yenworldwide now for more amazing stuff! ??? @yenworldwide

A post shared by RICH KIDS OF LONDON (@richkidslondon) on

Коронавирус