недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 54
home Занимливости

БИЗАРНО: Нема да верувате што продава оваа инфлуенсерка, ја следат 4 милиони луѓе

БИЗАРНО: Нема да верувате што продава оваа инфлуенсерка, ја следат 4 милиони луѓе

Млада инфлуенсерка од Велика Британија има речиси 4 милиони следачи на Инстаграм. Популарноста ја стекнала така што објавува провокативни косплеј фотографии, но и ја продава водата во која се капе, која чини речиси 27 евра од шишенце, пренесува Дејли Меил.

Британката Бел Дафин (20) себеси се опишува како „гејмерка“, но неодамна на својот Инстаграм профил објавила дека ја продава и водата во која се капе.

Покрај ова пакување има и објаснување: „Ова е спакувано додека си играм во кадата. Ова е навистина вода во која се капам. Водата не е за пиење и треба да се користи само во сентиментални цели.“ Речиси сите залихи успеала да ги продаде за само два дена.

Еден од следачите нејзиниот деловен потег го искоментирал на следниот начин: „Бел успеа да го достигне тоа ниво да може да ја продава водата во која се капе и да оствари профит. Ја погледнала својата сметка и си рекла: – Не, ти ќе ми ја платиш“.

Друг следач истакнал дека би купил 10 галони, а еден рекол:

„Фактот дека луѓето навистина го купуваат ова е урнебесен, девојко имаш голема сила.“

Меѓутоа, имало и такви коментари во кои луѓето истакнале дека вакво нешто не е примерно.

Бел им е особено интересна на своите следачи, бидејќи често се облекува како ликови од аниме и видео игри. Покрај водата во која се капе, Бел продава и свои постери, на кои е облечена во косплеј костими.