недела, 9. август 2020. Вести денес: 27
home Занимливости

Бизарна сцена во Русија: Маж за кој постои сомнеж дека е заразен со коронавирус бегал од медицинарите (ВИДЕО)

Бизарна сцена во Русија: Маж за кој постои сомнеж дека е заразен со коронавирус бегал од медицинарите (ВИДЕО)

Маж за кој постои сомнеж дека е заразен со коронавирус, одлучил да се обиде да побегне од медицинската екипа која била принудена да трча по него во рускиот град Арзамас за да го фати.

Бизарната сцена била снимена денеска, а снимката стана вирална во Русија.

Краткиот клип прикажува како три медицинари облечени во бели заштитни одела трчаат по мажот кој се обидува да им помогне во намерата да се избегне хоспитализација.

Подоцна се огласил градоначалникот кој рекол дека станува збор за лице со ментални проблеми за кое постои сомнеж дека е заразено со коронавирус.

Намерата на медицинарите била да извршат тестирање за вирусот, односно да го пренесат во болница каде би се направила процедурата.

Сепак, тој не го сакал тоа, па почнал да бега, но на крајот бил фатен. Резултатите од тестовите се очекуваат во недела, пишува Russia Today.

Од почетокот на пандемијата во Русија биле заразени 8.672 лица, а починале 63.

Коронавирус