среда, 17. октомври 2018. Вести денес: 0
home Занимливости

Била во врска со милионер 42 години: Откако починал се шокирала кога видела на кого го оставил целото богатство

Старецот во тестаментот напишал дека неговата партнерка е „финансиски поткована“ и дека неговите пари не и требаат.
Била во врска со милионер 42 години: Откако починал се шокирала кога видела на кого го оставил целото богатство

79 годишниот Џоан Томпсон од Пеброкшир во Велс, била во шок кога слушнала дека мажот, со кого поминала 42 години во врска, на кого го оставил имотот.

После смртта на Винфорд Хоџ, кој минатата година почина на 94 години, Џоан се надевала дека ќе и припадне нешто од неговиот 1,5 милиони фунти вреден имот кој го поседувал, со оглед на тоа што со него поминала повеќе од половина живот.

Вистински шок доживеала кога чула за неговиот тестамент во кој напишал дека целото свое богатство го остава на парот кој живеел на неговиот имот, затоа што „последните неколку години од неговиот живот биле добри кон него“, пишува Дејли Мејл.

Старецот во тестаментот напишал дека неговата партнерка е „финансиски поткована“ и дека неговите пари не и требаат.

Сепак 79 годишната жена има заштеди од само 2.500 фунти, што не е доволно за живот, па неправдата ја исправил судијата Милвин Јарман, кој заклучил дека Хоџ направил грешка. Поради тоа пресудил во корист на Џоан Томпсон и нејзе и ја доделил 225 илјади фунти колиба која ја имал Хоџ, како и 190.000 фунти готовина, со кои ќе може да ја реновира недвижноста која ја добила, но и достојно да го помине остатокот од животот.

Пред смртта Хоџ направил дури десет тестаменти, а пред смртта на партнерката и кажал да не се грижи „затоа што ќе биде добро згрижена“. Сепак, во последниот тестамент се предомислил и целото свое богатство го оставил на Карла Еванс и Агон Бериш, кои со своите две деца живееле во изнајмена куќа на неговиот имот и повремено му помагале.

Судијата тоа го сметал неправедно затоа што Џоан Томпсон со него поминала повеќе од 40 години од својот живот, а се грижела и за неговата мајка, имотот, како и за него, па и доделил дел од неговото богатство.