сабота, 22. септември 2018. Вести денес: 31
home Занимливости

Бев мажена за педофил: Му верувала на својот сопруг, а потоа во неговиот компјутер пронашла срамни снимки

Бев мажена за педофил: Му верувала на својот сопруг, а потоа во неговиот компјутер пронашла срамни снимки

Новиот документарец „Омажена за педофил“ прикажува приказна за жена која дознала дека маж и е педофил, но без разлика на тоа не престанала да го сака.

Во контроверзниот документарен филм, прикажана е приказна за Хелен, жена чиј живот се распаднал на парчиња во моментот кога дознала дека нејзиниот сопруг е педофил, кој на компјутерот има илјадници фотографии од сексуално насилство над деца, известува Мирор.

Независно од тоа, Хелен признава дека и понатаму го сака својот сопруг.

Хелен, која сакала да остане анонимна (во документарецот ја глуми актерката Ебигејл МекКерн) и нејзиниот сопруг Роберт, кои сега имаат околу 60 години и два сина.

Таа се венчала за Роберт кога имала само 18 години и во период од 10 години немала поима што впрочен се случува во главата на сопругот.

Мислела дека мажот гледа содржини поврзани со возови.

Кога полицијата го фатила, Хелен останала шокирана и во неверување. Животот и бил уништен и во хаос. Не била подготвена на такво нешто затоа што никогаш не се сомневала во Роберт.

-Некои прашање е преболно да ги прашате, кажала Хелен и признала дека се плаши да го праша Роберт за чувствата кон нивните внуци, затоа што не знае како би ја поднела вистината.

Независно од болниот ум на Роберт, Хелен тврди дека и понатаму го сака.

Редовно го посетувала во затвор како да оди на романтичен состанок, па за него убаво се облекувала и негувала. Едвај дочекала после осум месеци да излезе од затвор и се радувала за нивниот заеднички живот од почеток.

Роберт уште десет години ќе биде во регистарот на сексуални престапници, а забрането му е и спиење во куќата каде му живеат внуците.

Наводно, немал намера во стварност да ги оствари своите перверзни сексуални желби, но после откривањето на илегалните фотографии довербата во друштвото во него трајно е нарушена.

-Ми говори дека нема никакви сексуални интереси кон децата и дека никогаш не би дошло да тоа во реалниот живот да му направи нешто на дете, кажала Хелен.

Изгубената доверба и разделбата со Роберт.

За разлика од Хелен, синот и снаата не го примиле се ова лесно, така што барале одговори.

Нарушениот однос поради склоноста на Роберт кон педофилијата бил претежок тег, така што односите не биле повторно воспоставени. При тоа Хелен одлучила да го остави Роберт затоа што не сакала да бира меѓу внукот и мажот.

-Се чувствувам слободно. Се уште не сум прешла преку чувството дека ме издаде, кажала Хелен и се пожалила дека се сомнева дека никогаш нема да може некому потполно да му верува.