вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 76
home Занимливости

Бесплатно патување: Се бараат 4.400 туристи, кои ќе го вратат животот на островот Бали

Бесплатно патување: Се бараат 4.400 туристи, кои ќе го вратат животот на островот Бали

Индонезискиот остров Бали ќе нагажира 4.400 инфлуенсери за да го заживее туризмот погоден од пандемијата на коронавирусот.

Инфлуенсерите ќе уживаат во бесплатното патување по Бали од октомври до ноември и своите искуства ќе ги објавуваат на социјалните мрежи во рамките на кампањата „Го сакаме Бали“, според соопштението на островскиот Оддел за туризам.

Ковид-19 нанел тежок удар на економијата на Бали, на општествениот и здравствениот сектор, вклучително и на туризмот, наведува управата и додава дека околу 75.000 туристички работници останале без работа.

Целта на компанијата е промоција на „Нова ера на туризмот“ во кои посетителите ќе мора да ги почитуваат здравствените препораки за носење маска, социјална дистанца и редовно миење на рацете, се наведува во соопштението.

Бали при крајот на јули се отвори за туристите од останатите делови на Индонезија, а планот за отворање за странци на 11 септември пропадна поради порастот на новозаразени со коронавирусот.

Коронавирус