четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 88
home Занимливости

Бејзбол играч со топче повреди новинарка право во око (ВИДЕО)

Бејзбол играч со топче повреди новинарка право во око (ВИДЕО)

Новинарката Келси Вингарт заврши во болница по инцидентот на натпреварот во бејзбол лигата помеѓу Атланта Брејвс и Филаделфија Филис. Во седмата измена несреќната новинарка беше погодена од бејзбол топче во десното око.

Вингарт се наоѓала блиску до клупата на Атланта додека подготвувала извештај од натпреварот, а настанот се случил по фрлањето на топчето од Сем Фримен, кога Одубел Ерера го погоди топчето и од оградата се одби во главата на новинарката.

Веднаш доби помош Вингарт и беше пренесена во болница, а таму констатирале дека таа има повреда на десната очна шуплина.

Коронавирус