сабота, 15. август 2020. Вести денес: 41
home Занимливости

Бебето плачело, па невеста направи хаос на свадба

Бебето плачело, па невеста направи хаос на свадба

На социјалната мрежа Редит, една штотуку омажена девојка сподели случка од својата свадба, кога таа избркала гости бидејќи нивното бебе постојано плачело.

-Иако во поканите нагласивме дека не сакаме деца на свадбата, тие го зедоа своето новороденче и другото дете кое има три години. За време на свеченоста сѐ нешто на тоа мислев и се надевав дека некој ќе дојде по децата пред веселбата. Но, тие двајца и таму се појавија со децата. Бидејќи бебето веќе беше уплакано во црквата, а и другото дете се чинеше дека наскоро ќе заплаче, го испратив мојот свадбен организатор да види што им се намерите, раскажува невестата.

Гостите се налутиле поради тој потег, па започнала и расправија. Тогаш невестата решила самата да се справи со тоа.

-Ги потсетив дека на поканите јасно пишува дека не сакам деца на приемот. Жената ми се извини, а мажот ѝ почна да се расправа со мојот сопруг. На крајот се изнервирав и им кажав дека мора да си одат, пишува таа во објавата.

Коронавирус