четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 109
home Занимливости

Бебе се роди во метро во Париз, а од јавното претпријатие доби неверојатен подарок

Бебе се роди во метро во Париз, а од јавното претпријатие доби неверојатен подарок

РАТП на Твитер соопшти дека бебе е родено во метро во центарот на Париз, поради што бил прекинат сообраќајот на линијата А.

Спасувачите се погрижиле за мајката и детето и ги однеле во најблиската болница, пренесува АП.

Новоста за изненадувачкото породување беше прикажана на екраните на париското метро.

Голем број парижани го поздравија раѓањето на бебето на социјалните мрежи, некои пак истакнаа дека подарокот од РАТП не е баш добра вест, затоа што парискиот јавен превоз и така често е во прекин поради штрајк и други инциденти.

Коронавирус