петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 212
home Занимливости

Бабичка освоила половина милион евра на грепка, сопственикот на киоскот каде ја купила и’ ја украл

Бабичка освоила половина милион евра на грепка, сопственикот на киоскот каде ја купила и’ ја украл

Сопственик на киоск во Наполи и украл на бабичка добитна грепка од половина милион евра, па се обидел да побегне на Канарските острови.

Бабата купиле две грепки во неговиот киоск, а кога ја видела добивката го замолила вработениот да и го потврди износот.

Тој грепката му ја дал на сопственикот на кисокот, кој ја ставил во џеб и побегнал. Седнал на својот скутер и заминал кон аеродромот во Рим.

Според пишувањата на италијанските медиуми, тој се обидел гранична полиција на аеродромот да ја измами и да избега.

Кај себе имал само авионска карта, но не и грепката. Тој се сомничи за кривично дело кражба иако се уште не се знае каде завршила добитната грепка.

Коронавирус