среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Занимливости

Астероид се приближува кон Земјата, НАСА предупредува на внимателност

Објектот кој во близина на Земјата би требало да дојде на 15 февруари, е долг околу еден километар. Се смета дека оваа вселенска карпа може да убие милиони во подрачјето на ударот.
Астероид се приближува кон Земјата, НАСА предупредува на внимателност

Националната управа за воздухопловство и вселена го следи астероидот 2002 PZ39 кој се движи кон Земјата со брзина поголема од 57.240 km/h и се смета дека е потенцијално катастрофален.

Астероидот, за кој се проценува дека е широк меѓу 440 и 990 метри би требало на 15 февруари околу 11:05 часот да има блиска средба со нашата планета.

Ударот на астероид со оваа големина би имал катастрофални последици не само за подрачјето кое би го погодил, туку и за целата Земја.

-Ако камениот метеорит поголем од 25 метри, но помал од еден километар, ја погоди Земјата веројатно би предизвикал локална штета на подрачјето на ударот. Секој поголем од еден од два километри би можел да има глобални ефекти, наведува НАСА.

Овој објект со својата големина и брзина на движење би можел да делува како термонуклеарна бомба, создавајќи огнени бури, земјотреси, дури и цунами.

Се очекува џиновската карпка, која влегува во категоријата на објекти во близина на Земјата, да поминат покрај нашата планета на одалеченост од околу 5,77 милиони колометри. Иако се смета дека ова е безбедна далечина, последиците од оваа големина на астероидот би можеле да бидат погубни.