понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 139
Во живо

Следете во живо: Live chat со Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

home Занимливости

Астероид денес ќе прелета покрај Земјата

Астероид денес ќе прелета покрај Земјата

Астероидот “2020 SW” денес околу 13 часот значително ќе се доближи до Земјата и ќе прелета покрај нас.

Но, нема причина за паника. Експертите сметаат дека 2020 SW ќе помине на растојание од 27.000 километри, но дека нема да ја погоди Земјата.

Со цел визуелно да се претстави растојанието, треба да се спомене дека Месечината е во просек оддалечена од нас 384.000 км, или околу 30 дијаметри на Земјата. Овој астероид ќе помине на растојание од околу 2,1 дијаметар од Земјата.

Научниците сè уште не ја утврдиле точната големина на астероидот, но тој не е претерано голем објект. Се претпоставува дека оваа вселенска карпа е со големина помеѓу 4,4 и 9,9 метри, пишува Live Science.

Иако 2020 SW ќе биде се посветол како што се приближува кон Земјата, сепак нема да биде видлив со голо око.

Овој астероид беше откриен дури минатата недела, на 18 септември и се чини дека блиската средба меѓу него и Земјата ќе го промени животот засекогаш. Имено, тоа е толку мал астероид што се очекува гравитацијата на Земјата да ја промени неговата патека.

Откако ќе помине покрај нас со брзина од околу 27.200 км/ч, повторно ќе не посети на 3 јуни 2029 година.

Коронавирус