петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 103
home Занимливости

Амстердам воведува нови такси за туристите

Амстердам воведува нови такси за туристите

Амстердам воведува нова такса за полнење на градскиот буџет.

Туристичките такси секако се едни од највисоките во Европа, а од идната година ќе се најдат на прво место. Амстердам воведува дополнителни три евра за ноќевање.

Тоа значи дека таксата за ноќевање во хотел со една ѕвезда ќе биде поголема од ноќевање во некој друг главен град во Европа во хотел со пет ѕвезди.

Двокреветна соба со купатило има такса од 16 евра по ноќевање и дополнителни три евра по човек за едно ноќевање, а во Берлин во луксузен хотел ноќевање во иста соба има такса од 12 евра.

Во хотел од пет ѕвезди во Рим таксата изнесува 14 евра, што во моментов е најмногу во Европа, но тоа ќе биде помалку од таксата за ноќевање во хотел со една ѕвезда кога во Амстердам ќе биде реализирано зглемувањето.

-Голем број на посетители придонесуваат за зголемените трошѓоци за одржување на безбедноста и чистотата во градот, како и за одржувањето на јавниот простор во добра состојба, вели градскиот портпарол.

Зголемување на туристичката такса најави и Венеција и тоа во висина од 10 евра за туристите кои доаѓаат на еден ден, додека за сите останати кои ќе останат да преноќат ова зголемување нема да важи.

Градовите кои исто така се „борат“ со голем број туристи се Барселона и Дубровник, но истите немаат најавено зголемување на туристичките такси.