вторник, 25. септември 2018. Вести денес: 107
home Занимливости

Алергични сте на полен? Овој мед докажано помага во лечењето

Алергични сте на полен? Овој мед докажано помага во лечењето

Пролетта е период кога се јавуваат поленски алергии, па огромен број луѓе се соочуваат со сериозни реакции на телото, од течење на носот, до болни и отечени очи, до болно грло и кашлица.

Најважно е да се консултирате со доктор кој ќе ви препише терапија за алергија, но сепак експертите тврдат дека консумирањето на мед од манука може да ви помогне во борбата со симптомите.

Трејси Локвуд, регистриран диетеричар кој живее и работи во Њујорк, открива дека МГИ (метилгоксид), супстанца која се наоѓа во медот од манука може да биде многу корисен за лицата кои имаат проблем со течењето на носот кое се јавува како последица на поленска алергија.

-Активната состојка метилгоксид се покажа како ефикасен во борбата со оболувањето на носот, што е еден од најчестите симптоми, вели Трејси.

Оваа состојка може да биде ефикасна во третманот за воспаление на носот, без обѕир дали се работи за настинка, грип, алергија или респираторна инфекција.

Освен тоа, една лажица одо овој мед може да ви пружи многу голем здравствен бенефит.

-Медот од манука може да ги убие бактериите во нашето тело, се користи и за лечење на опекотини и рани, како и третман против акни, заклучува Трејси.