среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 50
home Занимливости

Александра им го подари својот автомобил на комшиите

Александра им го подари својот автомобил на комшиите

Александра Хеџи  од Нови Сад го наполнила резервоарот, па го оставила автомобилот со клучевите среде улица – поради револт.

Таа, всушност, својот автомобил “fiat 500”, го оставила среде улица, со отворени врати и багажник, а клучевите ги оставила во автомобилот.

На соседите им порача да прават што сакаат со автомобилот.

„Драги соседи … еве ви го мојот Фичко па правете со него што сакате …ги дупнавте гумите двапати, ги кршевте брисачите, ги симнувавте регистарските таблички, го шкртавте со црн спреј , го гребевте со клучеви … ова утро пајакот ми го собра миленикот, па дури и општинскиот инспектор излезе на терен да ми напише прекршочна пријава, а имам годишен паркинг билет … за жал не можам да и пријдам на зградата и паркингот во дворот, бидејќи работите според планот траат само 180 дена … БРАВО за тоа … клучевите се во автомобилот, резервоарот е полн … па уживајте!!! Ве сака вашата комшивка од Толстоева“.

Коронавирус