вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 17
home Занимливости

Ајфеловата кула повторно отворена од следната седмица

Ајфеловата кула повторно отворена од следната седмица

Ајфеловата кула во Париз е предвидено повторно да биде отворена за јавноста од 25 јуни. Меѓутоа, лифтовите ќе бидат исклучени поради претпазливост од коронавирусот.

Посетителите првата седмица нема да може да одат погоре од вториот кат. А, до почетокот на јули ќе можат да се искачуваат на кулата само по скали, бидејќи лифтовите се сметаат за ризични за ширење на болеста.

Менаџерите на ова познато француски обележје се надеваат дека во текот на летото сѐ ќе се нормализира, а до тогаш, велат, ќе бидат преземени сите потребни превентивни мерки.

Исто така, сите посетители на возраст над 11 години ќе треба да носат заштитни маски, а ќе треба да се почитува и физичкото растојание.

Кулата беше три месеци затворена поради епидемијата, што е најдолг период по Втората светска војна.

Коронавирус