вторник, 3. август 2021. Вести денес: 174
home Занимливости

9 знаци дека сте поинтелигентни отколку што веројатно мислите!

9 знаци дека сте поинтелигентни отколку што веројатно мислите!

Глупавиот не знае дека е глуп, но исто така, малкумина интелектуалци знаат колку се интелигентни.

Кога зборуваме за интелигенција, не мислиме на читање куп книги или играње тродимензионален шах – иако не е исклучено. Интелигенцијата може да се манифестира на повеќе начини, а има знаци кои ќе ви покажат дали сте и вие интелигентни!

Вие сте креативни

Неврофизичарот Кети Дејвис за Business Insider изјави дека креативноста е секако знак на интелигенција затоа што вклучува размислување надвор од рамките. Затоа не е ни чудо што надпросечните интелигентни вработени се наоѓаат во маркетинг и креативни агенции.

Неуредни сте

Иако ова е вообичаена, лажна изјава на родител, која се теши по 3-часовно чистење на собата на своето дете, во оваа изјава има вистина. Психологот Кетлин Вохс дури и го докажа тоа во едно од своите истражувања.

Љубопитни сте

Колку повеќе учите, толку попаметни ќе бидете, научно докажано. Учењето не е само од книгите, тоа исто така вклучува и нови, непредвидливи ситуации од кои можете да научите лекција.

Зборувате сами со себе

Зборувањето со себе може да се граничи помеѓу интелигенцијата и лудилото, но ако можете да го контролирате и да сте свесни за сè што зборувате и правите, веројатно сте интелигентни.

Можете да се контролирате

Анкета од 2009 година тестирала субјекти нудејќи им одредена сума пари веднаш или уште поголема сума пари подоцна. Субјектите со повисок коефициент на интелигенција не беа импулсивни и чекаа.

Можете да бидете сами

Не е толку проблем за поинтелигентните луѓе да бидат без друштво затоа што се сами со своите мисли. Но, ако сте постојано сами, можно е вашата социјална интелигенција да не е на високо ниво.

Смешни сте

Квалитетниот хумор честопати бара брзо размислување и креативност, поради што тој често се поврзува со висока интелигенција.

Вие сте со отворен ум

Интелигентните луѓе ретко се „занемени“ затоа што мислат сами за себе – ако на интелигентна личност ѝ понудите логички аргументи, тие нема само така да ги отфрлат. Исто така, интелигентните луѓе немаат предрасуди затоа што немаат конкретни докази за нив.

Не мислите дека сте премногу паметни

Паметните луѓе често ја потценуваат нивната интелигенција и мислат дека има многу попаметни луѓе од нив. Ова се нарекува Данинг-Кругер ефект. Сепак, самиот Сократ, еден од најголемите филозофи во историјата, рекол дека „знае дека не знае ништо“.

Коронавирус