сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 88
home Занимливости

5 апликации кои ќе ви помогнат да спиете подобро

5 апликации кои ќе ви помогнат да спиете подобро

На секој му се има случено да не може да спие цела ноќ. Полошо е кога телото е исцрпено, но умот едноставно не може да се исклучи. Можеби отсекогаш сте имале проблеми со спиењето или можеби тоа е поради моменталната состојба во светот, но како и да е, спиењето е многу важно за здравјето и тој проблем треба да се реши. За среќа, постојат многу апликации кои можат да му помогнат на умот да се опушти и да промовираат здрави навики.

1. Calm
Оваа апликација ќе ви помогне да ја намалите вознемиреноста и да се чувствувате посреќно фокусирајќи се на медитација, правилно дишење и релаксација. Апликацијата вклучува програми за дишење, сцени во природа и многу повеќе.

2. Headspace
Идеална за секој кој сака да научи да медитира и даго намали стресот, оваа апликација е полна со вежби за дишење и совети за релаксирање.

3. Sleep Cycle
Оваа апликација го следи и анализира сонот. Можете да го изберете времето за будење, а апликацијата нежно ќе ве разбуди, така што ќе се чувствувате одморено и ќе бидете подготвени да го започнете денот.

4. Noisli
Оваа апликација создава совршени звуци за релаксирање или работа. Ги користи придобивките од звуците од околината за да ја подобри вашата концентрација и да ве смири.

5. Pzizz
Оваа апликација им помага на корисниците да го смират умот, да заспијат брзо и кога ќе се разбудат да се чувствуваат свежо. Можете да ја наместите штоперицата според тоа колку сакате да спиете, па додека спиете ќе слушате релаксирачка сесија.

Локални избори 2021