вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 106
home Занимливости

18-годишно момче замина на море, а нејзината мајка му дала урнебесни совети за алкохолот, с*ксот, тетоважите… (ФОТО)

18-годишно момче замина на море, а нејзината мајка му дала урнебесни совети за алкохолот, с*ксот, тетоважите… (ФОТО)

Објавата на 18-годишниот Британец Финкиј Брокиј се прошири со брзина на светлината по социјалните мрежи. Имено, неговата мајка пред да тргне на одмор во Шанија му напишала неколку урнебесни правила кои за свое добро ќе мора да се придржува до нив.

Строгите правила, помеѓу другото, го опфаќаат тоа да никако не снее да има тетоважа, освен ако е на задникот, на невидливо место. Исто така, никако не смее да има секс без заштита.

Тинејџерот ги копираше пораките и ги објави на социјалната мрежа на Твитер.

-Ве потсетувам дека утре одите на одмор во Мајорка, па морам да ви дадам неколку совети, му напишала неговата мајка Лизи пред да почни да ги набројува се што не смеат да прават.

-Немојте да пиете пред да стигнете на аеродром. Ако ве застанат пијани, нема да ве пуштат во авион. Сететесе кога тргнавте на концерт на Еминем. Можеби, на тоа се се сеќавате, гласи првиот совет.

Вториот совет се однесува на пасошите.

-Не ги носете пасошите кога ноќе излегувате за да не ги изгубите. Во последните два месеци си игубил да привремени пасоши, па клучеви, банкарски картици, пари и новчаник. Не можете да имате доверба во себе. Ако го изгубите пасошот, нема да ве пуштат да се вратите дома, така да што не би било лошо за вас, но во тие моменти би биле без пари.

Третото правило се однесува на исхраната.

-Не заборавајте да јадете и немојте да штедите на храна за да имате за алкохол, му пишува неговата мајка Лиза.

И продолжува:

-Немојте да се тетовирате, но доколку морате тоа нека биде да задникот, затоа што во староста ќе зажалите за тоа, на тоа место немате да се потсетувате секојдневно што имате.
Нормално, неможеше а да не ги по советува за сексот.

-користете заштита. Забава за една ноќ не е вредна за да патите цел живот. Уствари немојте ниту да имате секс, не знаете со колку лица биле пред вас.

Таа исто така го советува да не ја бара на телефон кога ќе е под дејство на алкохол затоа што ќе ја загрижува.

-Дури и во три изутрина ако слушнеш некоја наша омилена песна, немој да ми вртиш како што имаш обичај.

И за крај таа му испратила уште едне мајчински совет.

-Внимавајте едни на други и барајте ме ако имате било какви проблеми. Се обидувам да сватам кој во вашето друштво е најразумен, но се уште се борам со тоа. Те сакам повеќе од животот. Убаво забавувај се и безбедно вратисе дома, напишала загрижената мајка.

Нејзините совети предизвикаа бројни реакци на Твитер, воглавно позитивни коментари, како е Лиза единствена, дека е најдобра мајка на светот и дека нејзините совети се нешто најдобро што некогаш виделе корисниците на социјалната мрежа на твитер.