недела, 27. септември 2020. Вести денес: 0
home Занимливости

15 работи кои Меган Маркл нема да смее да ги прави по свадбата со принцот Хари

Кога убавата Меган ќе стане дел од кралското семејство од некои работи ќе мора да се прости засекогаш.
15 работи кои Меган Маркл нема да смее да ги прави по свадбата со принцот Хари

Животот на американската актерка Меган Маркл целосно ќе се смени по свадбата со принцот Хари која е закажана на 19 мај годинава.

Кога убавата Меган ќе стане дел од кралското семејство од некои работи ќе мора да се прости засекогаш.

1.Збогум на селфи фотографиите

Иако до неодамна беше голем љубител на социјалните мрежи и често на својот профил објавуваше разни приватни фотографии, во последните неколку месеци Маркл ја смени оваа навика.

2.Не смее сама да излегува во јавност

Ниту еден член на кралското семејство никогаш не оди некаде без придружба или обезбедување, а тоа правило наскоро ќе мора да го почитува и убавата Американка.

3.Не смее да дава автограми

Ова правило е воведено единствено поради страв дека некој би можел да го фалсификува потписот на член на кралското семејство и да го искористи против кралството.

4.Збогум на социјалните мрежи

Како што прават и принцот Вилијам, војвотката Кејт и принцот Хари, така и Меган на социјалните мрежи ќе биде достапна само преку официјалните профили на кралското семејство на кои се објавуваат сите актуелности поврзани со монархијата.

Јавноста преку нив дозна и за нивната веридба, како и за датумот на венчавката.

5.Нема искажување на емоции во јавност

Припадниците на кралството во своите јавни настапи речиси секогаш се воздржани и никогаш нема да ги видите во интимни ситуации. Иако младиот принц Хари и неговата вереница се многу поотворени во однос на други кралски парови, од сега се поретко ќе ги гледаме во разменување нежности.

6.Не смее да гласа

Иако Американката е позната по своите ставови во врска со расните прашања поради непријатните искуства кои ги имала во минатото нејзината мајка (Меган е ќерка на афроамериканка и белец), кога ќе му каже „ДА“ на принцот Хари е мора да ги ублажи своите ставови. На членовите на кралското семејство не им е дозволено да се кандидираат за одредени политички позиции, ниту јавно да расправаат за било какви актуелни политички прашања. Исто така не смеат да излезат ниту на гласање.

7.Не смее да носи провидна облека

Иако на официјалните веренички фотографии носеше долг фустан со златни нитни во облик на листови на провидна ткаенина, тоа секако ќе биде нејзино последно појавување во такво модно издание. Освен тоа не е вообичаено членките на кралското семејство да излезат во јавност без провидни хулахопки, но Меган ова правило го прекрши на денот на својата веридба.

8.Не смее да носи темен лак на ноктите

Софистицираноста и отменоста секогаш се одлика на принцезите и војвотките, а со овие епитети не одат некои актуелни трендови како што се темните лакови за нокти. Кралицата и Кејт Мидлтон со години се верни на истата светлорозова нијанса на лак за нокти.

9.Чевли со полна потпетица не се посакувани

Ова правило наводно треба да се почитува само кога е во близина кралицата, бидејќи таа не ги сака. Сепак војвотката Мидлтон не се придржува кон ова правило бидејќи ги обожава таквите чевли.

10.Не смее да го плази јазикот

Иако пред неколку дена на свечената прослава за Божиќ во кралското семејство во Сандринган, Меган со доза на возбудување позирање пред еден обожавател со исплазен јазик, добро е познато дека таквото однесување не се толерира.

11.Збогум на големите чанти

Како голем љубител на модата, Меган менуваше разни стилови. Сепак во кралското семејство веќе нема да и биде дозволено да носи големи чанти. Наместо нив ќе мора да бира елегантни рачни ташнички.

12.Не смее да оди на недела на модата

Триесет и шест годишната актерка досега беше посакуван и често гледан гостин на многу модни ревии. Сега ова е завршено поглавје за неа.

13.Не смее да седи каде ќе посака

Редот на седење во просторија или на маса во кралското семејство се почитува со векови. Се седи според редот за престолот, што во случајот на Меган значин дека во најголем дел од ситуациите ќе седи покрај својот иден сопруг, но далеку од принцот Вилијам и Кејт. Овој ред се почитува и при влегување или излегување во/од  просторија.

14.Не смее да ги прекрсти нозете додека седи

Секој жена во кралското семејство е добро запознаена со ова правило, а и Меган. Секој пат кога ќе седне, Меган ќе мора да ги свитка и спои нозете. Ќе мора да го утврди и правилниот начин на влегување и излегување од автомобил.

15.Не смее да оди на спиење пред да си легне кралицата

Ова правило се почитува кога членовите на семејството спијат во иста куќа со кралицата Елизабета Втора. Тогаш сите чекаат таа да замине на спиење, за да може и тие да се упатат кон своите соби.

Коронавирус