сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 97
home Занимливости

10 работи порaди кои на никого не треба да му се извинувате

10 работи порaди кои на никого не треба да му се извинувате

Во животот има одредени работи на кои мораме да внимаваме, но и мора да сфатиме дека нашиот живот е наш и само наш, и дека сами си го градиме патот. Од тука доаѓаме до овој текст. Ви претставуваме 10 животни ситуации во кои никогаш и на никого не треба да се извинувате.

1. За степенот на своето образование. Тоа е исклучиво ваш избор и ваша работа

2. За своите политички и верски ставови. Секој од нас има право на свое мислење и верување.

3. Кога ќе направите добра работа, или ќе освоите прво место во некој натпревар. Со други зборови, никогаш не се извинувајте за сопствениот успех.

4. За туѓите постапки. Без оглед дали се работи за член од семејството, пријатели или колеги, секој е сам одговорен за своето однесување.

5. За својот изглед, истото важи и за стилот на облека, начнот на шминкање или пак омилената боја на косата. Ваш изглед, ваша работа.

6. Кога сакате да бидете малку сами. Разбирливо и потребно, но никако себично.

7. Кога не се согласувате со нечие мислење. Истакнувањето на својот став и начинот на размислување, идеалите и вредноста на пристоен и ненавредлив начин не е погрешно.

8. За своите приоритети. Ако ви е нешто важно, тоа значи дека е навистина приоритетно. Без оглед што на другите не им е и без оглед што не го разбираат вашиот избор.

9 Ако не го знаете одговорот. Човек учи додека е жив и никој не е толку паметен да ги знае одговорите на сите прашања. Да признаеш дека не знаеш е силно и храбро.

10. Кога плачете или кога ви се плаче.

Најнови вести

Коронавирус