недела, 24. февруари 2019. Вести денес: 0
home Технологија

Заострени правила за огласување на Фејсбук

Заострени правила за огласување на Фејсбук

Како највлијателна социјална мрежа во речиси секоја поголема земја, Фејсбук од 2016 година е средство на политичарите и нивните противници да шират лажни вести и друга пропаганда.

Со купување огласи на Фејсбук, тој рекламен материјал може да се прошири на целната публика, но и таквото влијание може да ги наруши изборните правила.

Под притисок на властите ширум светот, Фејсбук минатата година воведе неколку иницијативи за зголемување на контролата над политичките огласи.

Почнувајќи од средата во Нигерија, само огласувачите лоцирани во таа земја ќе имаат право на изборни огласи, што беше спроведено и за време на ирскиот референдум во мај минатата година. Истиот пристап ќе стапи во сила во февруари во Украина. Во Нигерија, претседателските избори се одржуваат на 16 февруари, а во Украина на 31 март.

Во Индија, каде што на пролет ќе се одржат парламентарни избори, Фејсбук веќе од следниот месец ќе почне да објавува изборни огласи во интернет книжарница, најави Роб Летерн, директор за управување со производи во компанијата.

– Учиме од секоја земја. Знаеме дека нема да бидеме совршени, но нашата цел е да се подобриме, изјави Летерн.

Тој додаде дека Фејсбук верува оти задржувањето огласи во архива седум години е клучен дел од борбата против изборните мешања.

– Библиотеката ќе биде слична на архивите кои минатата година беа поставени во САД, Бразил и Велика Британија, додаде Летерн.

Новововедената транспарентност наиде на противење од функционерите и групите одговорни за кампањите, кои посочуваат дека Фејсбук им дозволи на огласувачите во САД да го затскријат нивниот идентитет.

– Европската унија треба да добие верзија од тој состав на авторизација и транспарентност во пресрет на парламентарните избори во мај, рече Летерн.

Австралија, Индонезија, Израел и Филипините се наоѓаат меѓу државите кои оваа година ќе имаат клучни избори, но Фејсбук за нив се уште бара пристап.

Останатите Фејсбук тимови ќе останат насочени на препознавање проблематично политичко однесување, кое не е поврзано со огласите.

Минатиот месец, истражувачи, кои работеа за Комитет на американскиот Сенат, заклучија дека руската агенција за истражување на интернет користела огласи на социјалните мрежи и објавувала неавтентични сметки за да го промовира тогашниот претседателски кандидат Доналд Трамп кај милиони Американци. Русија ги отфрли тие обвинувања. (МИА)