Роботот Пепер кој сега доби работа во еден хотел на италијанското езеро Гард може да одговара на прашања на италијански, англиски и германски јазик, а гостите веќе го викаат Роби.
Најавуван како прв италијански робот кој на гостите им пружа поддршка и им ги исполнува желбите, во границите на своите можности оваа сезона ќе работи во Италија, со цел да ги ослободи вработените да даваат одговори на некои прашања.
Направен од јапонската компанија Софтбанк роботикс, РОби е научен да одговара на прашања како „Каде се наоѓа спа центарот?“, „Каде се рестораните и кое е нивното работно време?“.
Гостин од Молдавија е одушевен од Роби и неговите вештини.
-Тој е како вистинска личност, навистина е добар, изјавил гостинот за италијанските медиуми.
За време на летната сезона, Роби ќе оди на забрзани курсови за необични прашања, разни акценти, а сето тоа ќе му помогне за да го збогати знаењето, речникот и способноста за одговарање.
Употребата на таквите роботи е зголемена во секторите како што е туризмот и каде ваквите прашања може да ја намалат ефикасноста на работникот.
Пепер стана достапен во 2015. година. Во главата има четири микрофони, две Ха-де камери (во устата и на челото) и тродимензионален сензор за длабочина (позади очите).
Меѓутоа, ваквите роботи многу повеќе се прифатени во САД и Јапонија отколку во Европа.
Ист таков робот, под името Фабио доби отказ од бакалница во Шкотска поради тоа што купувачите не сакале да влезат во интеракција со него.
Уште еден робот немаше среќа со луѓето – хуманоид задолжен за безбедност во Вашингтон заврши во фонтана минатата година.
Роботите се поделени во неколку категории на услуги, од роботи за одбрана, роботи за чистење, роботи во областа на медицината па се до роботи со логистички системи.