понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 24
home Технологија

Википедија доби редизајн прв пат по 10 години

Википедија доби редизајн прв пат по 10 години

Википедија е составен дел од веб-културата речиси дваесет години, овозможувајќи им на корисниците да прелистуваат милиони текстови на енциклопедијата од нивниот компјутер, таблет или телефон. Сега, целокупниот изглед на Википедија на работната површина се менува за прв пат во една деценија, со цел страницата да биде подостапна за нови корисници, пред се за младите.

Освен новиот, поедноставен и подобар начин на прелистување, Википедија сега содржи и анимирани GIF-ови, менито е поедноставено и полесно за пребарување, а веб-страницата исто така има и копче кое овозможува со еден клик може да го смените јазикот на содржината што ја читате.

Википедија исто така ќе додаде подобрувања на алатката за пребарување за полесно наоѓање на други страници и ќе го конфигурира логото за да биде помало на секоја страница на Википедија, пишува специјализираниот портал за технологија и иновации „theverge“.

Коронавирус