сабота, 21. јули 2018. Вести денес: 59
home Технологија

ВИДЕО: Првата комерцијална ракета наскоро ќе полета од Нов Зеланд

ВИДЕО: Првата комерцијална ракета наскоро ќе полета од Нов Зеланд

Американската вселенска компанија Рокет лаб објави дека овој месец ќе ја лансира првата комерцијална ракета долга 17 метри, од погонот во новозеландскиот Северен остров.

Погонот на полуостровот Махиа во Нов Зеланд е прво приватно лансирно место. Ракетата ќе биде лансирана на 20 април, но тоа може да се случи и неколку дена подоцна.

-Рокет лаб е единствена мала вселенска компанија која ќе стигне до орбитата и ќе го исполни ветувањето да отвори пристап до малите сателити, изјави основачот и главниот директор на компанијата, Питер Бек.

Според него, компанијата може да поставува сателити во орбитата на секои 72 часа, а тоа е клучно за пазарот на малите сателити.

На лансирањето му претходеше пробен лет во јануари кога три мали комерцијални сателити беа поставени во Земјината орбита.