четврток, 13. декември 2018. Вести денес: 0
home Технологија

Вибер има нова опција, еве како може да ја користите

Новата опција на Вибер овозможува измени на сите испратени пораки.
Вибер има нова опција, еве како може да ја користите

Ако редовно ја користите Вибер апликацијата, новата „Edit“ функција може да ви биде многу корисна. Таа овозможува да ја измените секоја пратена порака во група или поеднинечен разговор, на тој начин што едноставно ја задржувате пораката која сакате да ја измените, а потоа избирате „Edit“.

Откако ќе ја внесете измената, а овозможена е измена на целата порака, на крајот од вашиот текст од десна страна ќе пишува „Edited“, па сите кои се дел од разговорот ќе може да видат дека пораката е променета.

Лицата кои се дел од разговорот ќе ја добијат изменетата порака како нова во конверзацијата, односно како последна примена порака, а се со цел да се избегнат малверзации со изменетите пораки и нивната содржина.

Овозможено е и менување на ЈуТјуб линкови, линкови од интернет страни, слики и текст, но не е овозможена промена на „стикерите“.