вторник, 11. декември 2018. Вести денес: 0
home Технологија

Ви излегува BFF во коментари на Фејсбук со зелено? Еве што значи тоа

Ви излегува BFF во коментари на Фејсбук со зелено? Еве што значи тоа

По скандалот со крадење податоци со Фејсбук и Кембриџ Аналитика, на некој му текна да пише дека Марк Закерберг измислил код „BFF“ кој ако го пишете во коментар и ви излезе со зелени букви, тоа значи дека профилот ви е безбеден.

Дали на мајтап или затоа што стварно поверувал (веројатно првото), му текнало и на некој наш да го преведе.

И пазете, 17.000 коментари! Толку отприлика паднале на форава. На заебанциите на нивна сметка им нема крај.

Е сега, сфаќаме дека не сите поседуваат и се замараат околу техничките познавања, ама на толку години постоење на интернетот и социјалните мрежи, редно е да знаете дека онлајн безбедноста не функционира така едноставно и не можете да ја проверите со обичен коментар од 3 букви.

Сепак, можеби овие 17.000 биле збунети од тоа што на некои коментарите стварно им излегуваат со зелена боја.

Еве зошто: Пред некое време Фејсбук воведе нова опција одредени клучни зборови да се појавуваат во боја, заедно со анимација. На пример BFF (што е кратенка од Best Friends Forever), Congrats, XOXO и слични. Фејсбук сé уште ја апдејтира листата со зборови, па веројатно тоа е причината што на некои профили работи, а на некои не. Тоа може да има врска со тоа кој јазик ви е дифолт на профилот, кога ви е отворен профилот, локацијата на живеење што ви е наведена… Којзнае. Ама едно е сигурно, нема никаква врска со тоа дали профилот ви е безбеден.

За жал, пола од овие 17.000 сега се насекирани зошто BFF не им излегло со зелено и дека им е небезбеден профилот. Другите пола задоволно ќе си се смешкаат зашто профилот им е безбеден. А останатите, тие од страна, ќе им се смеат и на едните и на другите, зашто во 2018та ваква онлајн наивност е баш за тоа – за смеење.

извор: bet365.com.mk