четврток, 16. јули 2020. Вести денес: 142
home Технологија

Ветерниците ќе се менуваат со дронови

Ветерниците ќе се менуваат со дронови

Таман луѓе навикнаа ветерници за производство на струја да се дел од пејсажот на многу места на светов, ако успеат едни Холанѓани, наскоро ќе треба да навикнуваат на дронови.

Ветерниците се едни од главните надежи на глобалното движење за промоција на обновливи извори на енергија, но за производство на струја со индустриски размери имаат многу што им фали. Еден од главните хендикепи им е што, бидејќи поставени на земја, успеваат да жнеат енергија од само мал дел од ветровите на мали височини.

Холанѓаните од компанијата Ampyx Power одат во спротивна насока. Нивната идеја е да се лови на височини од преку 200 метри, со дронови кои би лебделе а би биле поврзани со земјата, односно со чекрк од генератор. Со други зборови, дроновите би лебделе како змаеви и би изведувале разни лебдечки траектории за поефикасно собирање енергија; како што тие го прават тоа, чекркот се врти а генераторот создава струја.

Според компанијата, овој систем би можел да произведе повеќе струја од конвенционалните ветерни турбини со само 10% од материјалот потребен за нивна изградба а би можеле да бидат воведувани фазно, како замена на оние ветерници на кои им истекол рокот на траење.

Парламентарни избори 2020