Компанијата Гугл потврди дека вашите приватни мејлови кои се прати кон и од корисници на Gmail некогаш може да бидат читани од трети лица програмери на апликации, а не само од машини, јавува Би-Би-Си.
Луѓето кои се конектирале преку трети апликации на своите акаунти, можеби несакајќи дале дозвола трети лица да ги читаат нивните мејлови.
Една компанија изјавила на Вол стрит журнал дека оваа практика е „честа“, но и „валкана тајна“.
Гугл посочи дека оваа практика не е против нивната политика.
Еден експерт за сајбер безбедност изјавил за ВСЖ дека е „изненадувачки“ тоа што Гугл ги дозволиле ваквите дејствија.
Gmail е најпопуларниот сервис за имејлови со над 1.4 милијарда корисници.
Гугл им дозволува на луѓето да ги конектираат своите акаунти на трети апликации или сервеси, како што се компании за патувања или сајтови за споредба на цени.
Кога ќе го поврзете вашиот мејл, вие сте прашани да им дадете дозвола – која често вклучува и можност за „читање, праќање, бришење и работа со вашиот мејл“.