сабота, 10. април 2021. Вести денес: 89
home Технологија

Твитер воведува нова опција, сигурно ќе ви се допадне

Твитер воведува  нова опција, сигурно ќе ви се допадне

Популарната социјална мрежа Твитер доби интересна опција – Safe Mode.

Safe Mode ќе биде една од иновациите кои ќе се имплементираат во „безбедниот режим на работа“, а корисниците ќе можат, покрај блокирањето на профилите кои ги кршат правилата на оваа социјална мрежа, да ги „замолчат“, односно да не добиваат известувања за нив.

-Твитер, патем, автоматски ќе обележува профили кои се склони кон дигитална злоупотреба и се препознаваат како „спам“, со што се ограничуваат начините на кои овие профили можат да комуницираат со вашиот профил, пренесува порталот The Verge.

Ова е уште една во низата функции кои ги воведува Твитер со цел да се намали бројот на малициозни и навредливи пораки, а покрај тоа, веќе се воведени многу други алатки кои „филтрираат“ навредливи објави.

Покрај оваа функција, постои уште една што неодамна ја воведе Твитер – Super Follows, опција што им овозможува на корисниците со голем број следбеници да заработат дополнително.

Коронавирус