четврток, 13. август 2020. Вести денес: 108
Во живо

Прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

home Технологија

Твитер: Хакерите ги користеле вработените кои имаат пристап до интерните сервери

Твитер: Хакерите ги користеле вработените кои имаат пристап до интерните сервери

Компанијата Твитер, по вчерашниот хакерски напад, соопшти дека хакерите ги користеле вработените кои имаат пристап до интерните сервери „за да преземат контрола врз многу познати налози и пишувале наместо нив“.

„Истражуваме дали хакерите преземале некои други криминални активности и дали тие имале пристап до други информации. Кога ќе имаме нови детали, ќе ја известиме јавноста“, соопшти Твитер.

Вчера Твитер објави дека хакери упаднале во неговите сервери и хакирале некои од најпознатите корисници на платформата, вклучувајќи ги и американскиот претседателски кандидат Џо Бајден,  ѕвездата од реалните шоуа Ким Кардашијан, милијардерот Елон Маск и поранешниот претседател на САД, Барак Обама.

Во хакираните твитови се повикаат следбениците да испратат донации во крипто валути на конкретен „паричник за криптовалути“и на тој начин двојно ќе ја зголемат својата заработка. Неколку часа по почетокот на хакерскиот напад, околу 300 луѓе се измамени кои испратиле донации во биткоини повеќе од 100.000 американски долари . Твитовите беа избришани неколку минути откако беа објавени.

Извршниот директор Џек Дорси претходно изјави дека компанијата го утврдува проблемот.

– Тежок ден за Твитер. Жал ни е што се случи, рече Дорси.

По веста за хакерството, акциите на Твитер паднаа на берзите за речиси пет проценти.

Погодени се и Твитер налозите на раперот Канје Вест, основачот на Амазон, Џеф Безос, инвеститорот Ворен Бафет, основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс и корпоративните сметки на Убер и Ејпл. Исто така хакирани се и налозите на компании и организации што продаваат криптовалути. Вкупно, погодени се налози што имаат десетици милиони следбеници.

Ко-основачот на компанијата за кибер безбедност CrowdStrike, Дмитри Алперович рече дека досега ова е најлошиот хакерски напад врз најголемите платформи на социјалните медиуми. Некои експерти велат дека најверојатно хакерите имале пристап до внатрешната инфраструктура на Твитер. (МИА)

Коронавирус