среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 171
home Технологија

Tuatara ќе го повтори својот рекорд поради скептиците (ВИДЕО)

Tuatara ќе го повтори својот рекорд поради скептиците (ВИДЕО)

SSC North America јавно ќе докаже дека Tuatara е најбрзиот производствен автомобил во светот со јавно повторување на новиот светски брзински рекорд, објави компанијата

ака компанијата сака да ги разбие сите сомнежи за измама кои се појавија по објавувањето на достигнувањето, рече Џералд Шелби.

SSC Tuatara го сруши досегашниот брзински рекорд на делница од автопатот 160 во Невада со просечна брзина од 508,73 km/h – 61,67 km/h повеќе од Koenigsegg Agera RS. Во исто време американскиот хиперавтомобил подобри уште три врвни достигнувања – за најголема брзина на јавен пат (532,93 km/h), најбрза милја на јавен пат (503,92 km/h) и најбрз километар на јавен пат (517,16 km/h) .

Сепак, со објавувањето на видеото од поставувањето на новиот рекорд, се појавија многу анализи кои го оспорија достигнувањето. Разликите меѓу податоците за телеметријата и топографските обележувачи на автопатот 160 во близина на Лас Вегас, кои се запишани во снимката, предизвикаа најмногу сомнежи.

Од SSC North America разликите ги објаснија со неточна монтажа и го обвинија студиото Driven, кое го обработило суровиот видео материјал.

За да ги отстрани сите сомнежи во врска со интегритетот на SSC North America, Џерад Шелби ќе организира повторување на рекордот, на кој ќе бидат поканети и најголемите скептици. Настанот ќе се одржи наскоро, а деталите допрва треба да бидат објавени.

Коронавирус