вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 156
home Технологија

Телефоните со 5G технологија ќе бидат 200 до 300 долари поскапи од останатите

Телефоните со 5G технологија ќе бидат 200 до 300 долари поскапи од останатите

Со најавата за првиот 5G телефон на компанијата Samsung се очекува дека многу од останатите производители ќе „скокнат“ на трендот и ќе произведуваат смартфони со оваа технологија. Она што нема да ги израдува потрошувачите е цената на овие телефони, која изгледа дека ќе биде многу повисока отколку што првично се очекуваше.

OnePlus изгради репутација како компанија која на пазарот нуди телефони од премиум сегментот но со многу поевтина цена од конкурентите. Како што самите го нарекоа нивниот OnePlus 6T – „најевтиниот флегшип кој можете да го имате“.

Првиот 5G телефон на оваа компанија беше претставен утрово на технолошкиот саем во Мауи. Извршниот директор на OnePlus, Пит Ло, најави дека неговата компанија работи на неколку нови телефони од кои како најскап го издвои токму оној кој користи 5G технологија.

„Тешко е да ја одредиме цената на сите телефони уште сега, но знајте дека телефоните со 5G технологија ќе бидат значително поскапи од оние останатите. Не би можел да кажам конкретна сума, но според моите проценки тие би требало да бидат околу 200-300 долари поскапи“, рече Пит Ло.

Веднаш потоа Ло појасни дека ова не мора да е случајот со смартфоните од сите компании. Според него, цената ќе варира во однос на тоа колку компанијата сака да заработи од новата технологија. Ло очекува дека некои компании ќе наплаќаат и многу повеќе за телефоните со 5G технологија, но вели дека тоа нема да влијае на уредите од гамата на OnePlus.

Коронавирус