сабота, 15. август 2020. Вести денес: 63
home Технологија

„Спотифај“ од денес и во Македонија

„Спотифај“ од денес и во Македонија

Стрим-платформата за слушање музика – „Спотифај“ од вчера е достапна во Македонија и на пазарот во уште 12 други земји.

Во соопштението се истакнува дека „Спотифај“ сега нуди бесплатни услуги и претплата и во Хрватска, Србија, Русија, Албанија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Казахстан, Косово, Молдавија, Црна Гора, Словенија и Украина. Со ова, сега платформата опфаќа вкупно 92 земји.

„Спотифај“ инаку, е платформа од Шведска, која патем кон крајот на минатата година го престигна и Епл како предводник на пазарот на легално симнување музика.

Има над 130 милиони претплатници и 260 милиони корисници.  (МИА)

Коронавирус